Македонија поразена од Турција на Медитеранските игри

by Стефан
1 минути читање

Македонската репрезентација до 20 години го претрпе првиот пораз на Медитеранските игри во Таранто, откако вечерва Турција славеше со убедливи 3-0.

Турците беа подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено стигнаа до трите бода. Избраниците на Таневски имаа свои моменти, но не успеаја посериозно да ја загрозат турската одбрана.

Најзаслужен за триумфот на Турција беше Оздер Озчан, кој блесна со хет-трик и практично сам го реши натпреварот.

Турција во првото коло одигра 2-2 против Мароко, додека Македонија на стартот од турнирот ремизираше без голови со Тунис.

Последниот натпревар од групната фаза за македонските фудбалери ќе биде против Мароко. Дуелот е закажан за в среда од 10:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×