Спалети со критика за најскапото засилување на Јуве ова лето: Има причина зошто не играше две години!

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети упати замерки на адреса на Рандал Коло Муани, вели дека има причина зошто напаѓачот имал само епизодна улога две години и го повика што поскоро да ја врати формата.

„Старата дама“ вчера славеше со 0-1 на гостувањето кај Фросиноне на отварањето на новата сезона, но Лучано Спалети не е задоволен од играта во нападот и упати критики кон Рандал Коло Муани, за чиј ангажман ова лето беа инвестирани околу 50 милиони евра.

„Го ангажиравме Коло бидејќи знаеме со каков квалитет располага. Но тој мора да сфати дека две години практично не играше и дека сигурно постои причина за тоа. Понекогаш мислиш дека си на врвно ниво, но во меѓувреме си загубил нешто што мораш повторно да го пронајдеш“ – вели тренерот на Јувентус.

„Физички е силен и се бори за секоја топка, но во вакви натпревари мора да ја тресе мрежата“.

Лучано Спалети исто така откри дека бара нов напаѓач, кој има карактериски поразлични од оние на Рандал Коло Муани.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×