Атлетико Мадрид е подготвен да го продаде Хулијан Алварез на Арсенал за 150 милиони евра, но „топчиите“ пред да достават понуда чекаат сигнали од Аргентинецот дека сака да се пресели на „Емирати“.
Хулијан Алварез се врати во тимот на Атлетико Мадрид, но големи се шансите напаѓачот во следните денови да ја промени средината.
Сосема очекувано, навивачите на Атлетико вчера против Виљареал го исвиркуваа популарниот „пајак“, па тој веднаш се повлече во соблекувалната по последниот свиреж, одлуката била донесена од раководството со цел да се заштити фудбалерот и да се спречи дополнително да биде изложен на револт од трибините.
Ваквата ситуација сепак создава нервоза во редовите на Атлетико. Иако сите јавно му даваат поддршка, зад затворени врати атмосферата не е толку идилична. Неговото расположение и видливата фрустрираност, која често се забележува преку неговиот тажен израз на лицето, почнуваат да им пречат на дел од соиграчите, кои сметаат дека целата трансфер сага, заедно со однесувањето на Аргентинецот, може негативно да се одрази врз тимот, особено на натпреварите на домашен терен.
Па се шпекулира дека Атлетоко Мадрид е подготвен да го продаде Хулиајн Алварез на Арсенал.
Барселона не е опција за клубот од „Метрополитано“, но доколку „топчиите“ на маса стават 150 милиони евра, тогаш ќе биде дадено зелено светло.
Арсенал пак чека сигнали од кампот на Хулијан Алварез, и доколку напаѓачот каже ДА, тие ќе тргнат во офанзива.
АС објави дека Хулијан Алварез полека го омекнува ставот и почнува да размислува за преселба на „Емирати“, па во последните денови од преодниот рок би можеле да го видиме најголемиот трансфер ова лето.