Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан и Рома би можеле да направат изненадувачка трапма во последните денови од преодниот рок и да ги заменат Рафаел Леао и Матијас Суле.
На една недела до крајот на преодниот рок, иднината на Рафаел Леао останува под голем знак прашалник.
Како што пренесува Калчомеркато, Рома повторно се појавува како опција за Португалецот, но најголем проблем останува високата плата на напаѓачот.
Сепак, компромис може да биде трампа во која ќе биде инволвиран и Матијас Суле. Во моментов нема ништо конкретно, но не се исклучува можноста овој трансфер да биде едно од изненадувањата во последните денови од преодниот рок.
За да се реализира една ваква зделка, Милан ќе мора да попушти, односно да го промени ставот кој го наметна цело лето, Рафаел Леао да биде продаден за 50-60 милиони, или пак да биде испратен на платена позајмица со обврска во целост да биде купен