Нема победа за Пелистер и по второто коло

by riste
1 минути читање

Дерби мечот меѓу довчерашните прволигаши, Пелистер и Брера заврши без голови, битолчани во следното коло ќе ја бараат првата победа.

Поради реновирање на теренот Пелистер во Кавадарци ја пречека Брера, на мечот немаше голови.

Пелистер имаше поголема контрола врз играта и создаде неколку можности за погодок, но напаѓачите не успеаја да ја затресат мрежата. Брера, пак, одигра дисциплинирано во одбраната и успешно ги одби налетите на фаворизираниот противник.

Особено тешка задача за гостите беше во второто полувреме, кога речиси цел период играа со фудбалер помалку. И покрај тоа, младата екипа на Брера успеа да го сочува својот гол и да освои важен бод.

За Пелистер ова е второ реми во првите две кола, откако на стартот одигра 1-1 против Камјани, па битолчани и понатаму се без победа во новата сезона.

На останатите натпревари, Македонија ЃП славеше со 0-1 на гостувањето кај Еуромилк Горно Лисиче. Победничкиот гол го постигна Темелков во 62. минута.

Камјани со 2-1 го совлада Осогово, Беласица со 0-1 славеше против Новаци, додека Кожуф беше убедлив против Шкупи со 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×