Младата ѕвезда на Барселона, Гави уште еднаш ја покажа својата скромност и поврзаност со родниот крај, ќе донира околу 1,3 милиони евра за изградба на модерен комплекс за најранливите жители на Лос Паласиос и Виљафранка.
Лос Паласиос и Виљафранка има само 40.000 жители, но може да се пофали со дури тројца светски шампиони, Фабијан Руиз, Гави и Хесус Навас го прославија ова место во провинцијата Севиља со своите успеси.
Младата ѕвезда на Барселона сега со голем гест ќе ги направи уште погорди жителите на овој мал град.
„Ла Разон“ објави дека Гави ќе донира околу 1,3 милиони евра за изградба на модерен комплекс со 150 апартмани, наменети за бездомници и најранливите членови на заедницата.
Градоначалникот Хуан Мануел Ваље во една прилика рече: „Тој не исполнува со гордост. Кога ќе го запознаете лично и ќе видите каков човек е, радоста е уште поголема. Гави ја задржа скромноста и едноставноста. Славата воопшто не му удри во глава“.