Хоџа: Горд сум што го носам дресот на Македонија и што ќе играм за Лидс

by riste
1 минути читање

Дитмир Хоџа вчера го комплетираше трансферот од Работнички во Лидс, тој најпрво ќе настапува за академијата на англискиот клуб и отаму ќе се бори да влезе во првиот тим на премиерлигашот.

Хоџа го даде и првото интервју за Лидс откако потпиша за англискиот клуб.

„Се чувствувам неверојатно. Многу сум горд што сум фудбалер на Лидс. Знам дека Лидс е огромен клуб со неверојатни фанови и амбиции“, вели Хоџа.

„Јас сум фудбалер кој работи напорно, кој е енергичен и секогаш дава 100 проценти за тимот. Тренинзите тука се многу добри, интензивни и уживам во тоа. Сакам да му помогнам на тимот да успее и да имаме одлична сезона“.

Хоџа е вториот фудбалер од Македонија кој ќе го носи дресот на Лидс, првиот беше Езгјан Алиоски.

„Да, ми се допаѓаше Алиоски. Тој беше многу пасиониран и многу работеше. Играњето за мојата земја ме прави многу горд. Претставувањето на Македонија е огромна чест за мене“.

Хоџа кој пред неколку дена наполни 18 години, настапува за Македонија У19, а играше и за У18 и У17.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×