Агентот на Хулијан Алварез, Фернандо Идалго жестоко распали го генералниот извршен директор Мигел Анхел Хил Мартин, и го нарече лажго првиот оперативец на Атлетико Мадрид.
На десетина дена до крајот на преодниот рок, станува тензично на „Метрополитано“ кога е во прашање ситуацијата на Хулијан Алварез.
Иднината на напаѓачот останува под голем знак прашалник, тој на ум има само трансфер во Барселона, но Атлетико одбива да го продаде на ривал од Ла Лига.
Генералниот извршен директор, Мигел Анхел Хил Мартин вчера уште еднаш порача дека Хулијан Алварез останува, а упати и порака до Барселона, како и до луѓето од придружбата на Аргентинецот.
„Нема да дозволиме други клубови и медиуми кои се блиски до нив да ни кажуваат што да правиме, да ја диктираат нашата спортска политика или да не навредуваат“ – рече Хил Марин за притисокот од „каталонците“.
Што се однесува до луѓето од придружбата на Алварез, тој рече: „Мора да разбереме дека Хулијан во последните неколку месеци не добиваше добри совети за неговата професионална кариера!“.
Но овој коментар жестоко реагираше агентот на напаѓачот, кој се огласи на социјалните мрежи.
„Никогаш не прашувај лажго зошто лажел. За да се оправда, ќе мора повторно да излаже!“ – напиша Фернандо Идалго.