Топчиите без никакви проблеми дојдоа до трите бода против Ковентри победувајќи убедлво со 3-0 во премиерниот натпревар од новата сезона во Премиер лигата.
Одличен меч имаше новото засилување за Арсенал, Гркот Цолис кој беше активен и опасен постојано, имаше една асистенција и неколку шанси.
Резултатот го отвори Каи Хаверц во 15. минута кога погоди по асистенција од Калафиори.
Осум минути подоцна Цолис нафрли, голманот Рашворд ја допре топката, таа дојде до Сака кој ја смести во мрежата на Ковентри за 2-0.
По само четири минути игра во второто полувреме гол даде и Одегард за конечен резултат од 3-0.
По третиот гол Арсенал го намали темпото и рутински го доигра натпреварот до крај без да се истроши многу.