390
Фудбалерот на Аргентина, Леандро Паредес, доби висока суспензија за тепачката по финалето на Светското првенство.
Паредес доби 10 меча суспензија за инцидентот кој се случи по завршувањето на мечот меѓу Аргентина и Шпанија.
Но, тој не е единствениот суспендиран, неговиот соиграч Нахуел Молина ќе оди седум натпревари на „ладење“, а помошникот Роберто Ајала на три меча нема да седи на клупата.
По еден меч суспензија добија Тиаго Алмада, и Гави од Шпанија.
Паредес, Молина и Ајала по последниот судиски свиреж на мечот влегоа во физичка пресметка со шпански фудбалери, особено настрада Гави.
Покрај суспензијата, Паредес и Молина ќе треба да платат и по 90.000 долари. Гави ќе плати 30.000 долари.