Со два натпревари денеска во Скопје и Штип се отвора четвртото коло во ПМФЛ

by Стефан
1 минути читање

Денеска на програмата се два натпревари од 4. коло во Првата фудбалска лига, а фокусот ќе биде во Скопје и Штип.

На теренот на тренинг-центарот на ФФМ од 17:00 часот, наместо во Автокоманда каде што сè уште не се исполнети условите за прволигашки натпревари, Скопје ќе го пречека Тиквеш.

Два часа подоцна под рефлектори во Штип, Брегалница ќе се соочи со Башкими. Домашниот тим ја брка втората победа сезонава и ја има фаворитската улога против кумановци. Башкими по три одиграни кола е без бод и без постигнат гол, со гол-разлика од 0-12.

Брегалница ќе сака да ја искористи домашната предност и да стигне до нови три бода. Доколку избраниците на Никола Кузманов го покажат очекуваното ниво, тешко е да се очекува Башкими да направи изненадување.

„Пиратите“ од друга страна ќе се обидат конечно да стигнат до првата победа во новата сезона. Скопје сè уште нема триумф, додека Тиквеш во главниот град ќе бара враќање на победничкиот колосек по поразот од Шкендија Арачиново во минатото коло.

Двојки за 4. коло:

Скопје – Тиквеш (Фуркан Идризи)
Брегалница – Башкими (Доне Ристовски)
Шкендија Арачиново – Арсими (Димитар Пилешков)
Вардар – Силекс (Игор Стојчевски)
Шкендија – Струга Трим Лум (Стојанче Трпчевски)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×