Како што објави „Ел Чирингито“, Барселона начелно постигнала вербален договор со Лаутаро Мартинез и ќе тропне на вратата на Интер со понуда од околу 100 милиони евра.
„Каталонците“ полека се насочуваат кон други алтернативи со оглед на тоа дека Атлетико Мадрид не го менува ставот и одбива да го продаде Хулијан Алварез.
Лаутаро Мартинез се посочува како нова цел, и како што објави „Ел Чирингито“, спортскиот директор Деко, заедно со својот асистент Бојан Кркиќ, се сретнале со агентот на напаѓачот.
Состанокот бил успешен и начелно бил постигнат вербален договор за личните услови на Лаутаро Мартинез.
Сега останува најголемата пречка, да се убеди Интер да го пошти својот капите. Барселона подготвува понуда и се шпекулира дека на маса ќе биде ставен предлог вреден околу 100 милиони евра.
Останува да се види каков ќе биде одговорот на Интер, вчера се појавија информации кои велеа дека „нероаѕурите“ не помислуваат за продажба на Лаутаро Мартинез.