Тотнем плаќа 85 милиони фунти за офанзивен играч кој има само два гола во две сезони!

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори пренесуваат дека Тотнем и Манчестер Сити си подале рака за трансфер на Савињо вреден околу 85 милиони фунти (околу 100 милиони евра).

„Спарси“ договорија уште една голема зделка, во Северен Лондон пристигнува Савињо од Манчестер Сити.

Голем број на извори објавија дека двата клуба си подале рака за зделка вредна 75 милиони фунти, плус додатни 10 милиони фунти во бонуси.

Од бонусите, 5 милиони се практично за загарантирани, останатите 5 милиони се потешко остварливи.

Многумина се прилично изненадени од сумата која Тотнем ја плаќа, со оглед на тоа дека Савињо беше резерва во Манчестер Сити и има скромен учинок, постигна само два гола во две сезони во Премиерлигата.

Специјализираниот „Трансфермаркт“ го проценува Бразилецот на 35 милиони евра.

Сумата од 100 милиони евра (па и 87,5 милиони како фиксен дел) ќе биде историска продажба на Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×