Како што пренесува Мундо Депортиво, Атлетико Мадрид прифатил понуда од Арсенал за трансфер на Хулијан Алварез, но Аргентинецот не сака трансфер на „Емирати“ и мисли само на преселба во Барселона.
На десет дена пред крајот на летниот преоден рок, иднината на Хулијан Алварез останува голем знак прашалник.
Барселона го постави Аргентинецот како приоритет за засилување на нападот, но Атлетико Мадрид одбива да го продаде играчот на ривалот од Ла Лига.
Како што пренесува Мундо Депортиво, Атлетико Мадрид сега прифатил понуда од Арсенал, но трансфер нема да се реализира.
„Топчиите“ добиле негативен одговор од Хулијан Алварез, напаѓачот не сака да се врати во Премиерлигата, и приоритет ме преселба во Барселона.
МД додава дека ова само довело до влошување на односот помеѓу Хулијан Алварез и Атлетико Мадрид и ситуацијата станала се потензична.