Тотнем подготвува нова трансфер бомба, 150 милиони фунти за двајца играчи на Сити

by bojan
1 минути читање
Манчестер Сити

Голем број на извори пренесуваат дека Тотнем и Манчестер Сити преговараат за двоен трансфер, „спарси“ со 150 милиони се обидуваат да ги ангажираат Савињо и Омар Мармуш.

Тотнем ова лето веќе реализираше една трансфер бомба, за 100 милиони фунти го донесе Сандро Тонали од Њукасл.

Клубот од Северен Лондон исто така одвои 85 милиони фунти за Матеуш Фернандеш од Вест Хем, а плати и околу 52 милиони фунти за Јан Пол ван Хеке од Брајтон.

Но „спарси“ сега подготвуваат нова трансфер бомба и ангажман на двајца играчи од Манчестер Сити.

Голем број на извори пренесуваат дека двата клуба водат преговори за трансфер на Савињо и Мармуш, зделката би изнесувала околу 150 милиони фунти.

Ниту Бразилецот, ниту Египќанецот не се стартери во Манчестер Сити, но и покрај тоа Тотнем е подготвен да го одврзи ќесето и скапо да плати за нивен потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×