Манчестер јунајтед понуди 65 милиони за играчот кој Аморим го побара пред 12 месеци

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори од „островото“ објавија дека Манчестер јунајтед понудил 65 милиони фунти за Карлос Балеба од Брајтон.

Минатото лето, Рубен Аморим го идентификуваше Карлос Балеба како идеално засилување за средниот ред, но тогаш Брајтон побара преку 100 милиони фунти, или околу 115 милиони фунти, па „ѓаволите“ се откажаа од зделката.

Голем број на извори од „островото“ сега објавија дека Манчестер јунајтед повторно тргнал по потписот на Камерунецот.

Клубот од „Олд Трафорд“ понудил 60 милиони фунти, плус дополнителни 5 милиони фунти во бонуси.

Понудата е пониска од сумата што Брајтон ја бара за фудбалерот од средниот ред, но се очекува преговорите да продолжат со цел двата клуба да најдат заеднички јазик.

Откако минатото лето му пропадна трансферот во Манчестер јунајтед, формата на Карлос Балеба значително опадна, па затоа и неговата цена сега нема да биде преку 100 милиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×