Јувентус се пофали со новиот голман

by Стефан
1 минути читање

Јувентус го обезбеди потписот на италијанскиот голман Гуљелмо Викарио, кој во Торино ќе остане до 30 јуни 2027 година. Станува збор за позајмица, но „Старата дама“ има можност по истекот на периодот да го откупи неговиот договор.

За целосен трансфер Јувентус ќе треба да издвои осум милиони евра, а сумата може да достигне и 10 милиони доколку бидат исполнети одредени бонуси.

Викарио има 29 години и по три сезони во Англија се враќа во италијанскиот фудбал. Во 2023 година тој од Емполи се пресели во Тотнем, каде што забележа 117 настапи и 29 натпревари на кои не прими гол.

Италијанскиот голман со лондонскиот клуб успеа да стигне и до европски трофеј, откако Тотнем ја освои Лигата на Европа во сезоната 2024/25.

Јувентус се насочи кон Викарио откако пропадна планот за ангажман на Емилијано Мартинез од Астон Вила. Во Торино веруваат дека италијанскиот репрезентативец може да донесе стабилност и сигурност на голот во новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×