Фудбалската федерација ги одреди термините за натпреварите од четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига, кое носи прилично необичен распоред.
Наместо стандардниот викенд-термин, колото ќе биде распоредено во петок, сабота и понеделник, додека во недела воопшто нема да има натпревари. Два од мечевите ќе се играат под рефлектори.
Први на терен ќе излезат Скопје и Тиквеш, кои ќе се сретнат во петок од 17 часот. Истиот ден, но од 19 часот, Брегалница во Штип ќе го пречека Башкими. Во сабота ќе се одигра само еден натпревар. Шкендија Арачиново од 16:30 часот ќе се соочи со Арсими.
Најголемото внимание, сепак, ќе биде насочено кон понеделник, кога се закажани двете дербија од колото.
Од 17 часот Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека Силекс, додека од 19 часот на терените на ФФМ ќе се соочат Шкендија и Струга ТЛ.
ПМФЛ – 4. коло
Петок
- Скопје – Тиквеш | 17:00 часот
- Брегалница – Башкими | 19:00 часот
Сабота
- Шкендија Арачиново – Арсими | 16:30 часот
Понеделник
- Вардар – Силекс | 17:00 часот
- Шкендија – Струга ТЛ | 19:00 часот