Медиумите од Франција пренесуваат дека Ливерпул ги договорил и личните услови на Ибрахим Мбаје од ПСЖ, но тешко оди пронаоѓањето заеднички јазик со „светците“ за висината на трансферот.
Ливерпул се договори со двајца фудбалери на ПСЖ, откако си подаде рака со Бредли Баркола за личните услови, истото сега го стори и со Ибрахим Мбаје.
„Црвените“ сега ќе ги продолжат преговорите со ПСЖ во обид да комплетираат спектакуларен двоен трансфер.
Но оваа задача нема да биде лесна, „светците“ сакаат да инкасираат околу 200 милиони евра, односно најмалку 150 милиони евра за продажба на Бредли Баркола, и уште 50 милиони за Ибрајим Мбаје.
Останува да се види дали двата клуба ќе најдат заеднички јазик, ПСЖ изминатиов период покажа дека не е клуб кој дава попусти, го продадоа Гонсало Рамош на Милан за околу 75 милиони евра, Рандал Коло Муани беше продаден на Јувентус за околу 50 милиони евра, додека пак Канг Ин Ли беше испратен во Атлетико Мадрид за 40 милиони евра.
ФОТО: X/Paris Saint-Germain