Потрагата на Јувентус за нов голман може да има последици и врз нашиот Столе Димитриевски?!

by bojan
1 минути читање

„Старата дама“ цело лето се обидува да ангажира нов голман и е многу блиску до ангажман на Гуљелмо Викарио од Тотнем, а оваа зделка може да има последици и врз нашиот Столе Димитриевски.

Лучано Спалети како еден од приоритети ова лето постави ангажман на нов голман, негова прва желба беше Еми Мартинез од Астон Вила, изминатиов викенд имаше нов обид за негов ангажман но двата клуба не успеаја да најдат заеднички јазик.

„Старата дама“ понуди 10 милиони евра сосе бонуси, Астон Вила инсистираше на 15 милиони евра, па Јувентус се повлече од преговорите и се насочи на друго име.

Утрово неколку извори објавија дека паднал договор за преселба на Гуљелмо Викарио во Торино, Тотнем ја прифатил понудата за позајмица до крајот на сезоната, со опција за перманентен трансфер.

Оваа зделка може да има последици и врз нашиот Столе Димитриевски, односно тој да добие сериозна конкуренција помеѓу стативите во Валенсија.

Имено, Микеле Ди Грегорио ќе стане вишок во Јувентус по пристигнувањето на Гуљелмо Викарио, и Валенсија е еден од клубовите кои пројавува интерес за неговите услуги.

Се говори за позајмица со опција за перманентен трансфер вреден околу 15 милиони евра, со што Италијанецот ќе стане силна конкуренција за Столе Димитриевски за место во првиот тим.

ФОТО: X/Valencia CF

Можно е и ова да ти се допаѓа

×