28
Напаѓачот кој го постигна единствениот гол во финалето на Светското првенство, Феран Торес, го комплетираше трансферот од Барселона во ПСЖ.
Брзо по завршувањето на Мундијалот, Феран Торес ја истакна желбата за заминување од Барселона откако на негова адреса стигна понуда од ПСЖ.
Францускиот клуб му понуди подобри услови и тој од денеска е нов фудбалер на ПСЖ.
„ПСЖ со задоволство може да го соопшти доаѓањето на Феран Торес. Шпанскиот напаѓач, светскиот шампион, потпиша со клубот до 2031 година и ќе го носи дресот со број девет“, стои во соопштението на ПСЖ.
ПСЖ за овој трансфер на Барселона ѝ плати 50 милиони евра.