Стартува Втората лига – никогаш поатрактивна!

by riste
1 минути читање

Денеска почнуваат и второлигашите, во оваа натпреварување оваа сезона има многу звучни имиња, фудбалски клубови кои значат многу за македонскиот фудбал.

Пелистер, Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, Осогово, Беласица, Брера… се дел од екипите кои се второлигаши.

Главен фаворит се очекува да биде Пелистер кој во првото коло игра дома против Камјани, тој меч се игра утре под рефлектори. Сите останати се на програмата денеска.

Експресно враќање во Втората лига сака и Работнички кој денеска го пречекува Кожуф од Гевгелија.

Македонија ЃП игра против Тетекс, Шкупи конечно може да игра на Чаир, таму денеска доаѓа Детонит.

Беласица е домаќин на Осоговор, Горно Лисиче гостува кај Брера, а Охрид го пречекува Новаци.

Првите две екипи на табелата одат во Прва лига, третиот игра бараж. Последните три испаѓаат од лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×