Eлмас бил понуден на два италијански гиганти!

by Стефан
1 минути читање

Елиф Елмас би можел повторно да заигра во Серија А. Македонскиот репрезентативец е пред заминување од Лајпциг, а според италијанскиот новинар Николо Шира, опција би можеле да бидат Наполи и Јувентус.

Елмас добро го познава италијанскиот фудбал. Минатата сезона ја помина во Наполи како позајмен играч, за кој одигра 44 натпревари, постигнувајќи еден гол и забележувајќи четири асистенции.

Покрај Наполи, македонскиот фудбалер во Серија А го носеше и дресот на Торино. Во кариерата беше дел уште од Фенербахче и Работнички.

Сега останува да се види дали Елмас повторно ќе се врати во Италија, ако навистина постои интерес од двата гиганти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×