Ромелу Лукаку и официјално ќе ја продолжи кариерата во турската Суперлига. Белгискиот голгетер постигна договор со Фенербахче и по две сезони реши да го напушти Наполи.
Турскиот и италијанскиот клуб постигнале договор за трансферот на 33-годишниот напаѓач, а според информациите, Фенербахче ќе плати околу шест милиони евра, со можност сумата да биде зголемена преку дополнителни бонуси.
Лукаку во Неапол пристигна во 2024 година од Челси, но последната сезона не се одвиваше според очекувањата. Белгиецот имаше проблеми со повреди, а дополнително дојде и до несогласувања со раководството на клубот.
Во последната сезона Лукаку во Серија А запиша само пет настапи, при што постигна еден гол. Сега пред него е нов предизвик во Турција, каде што во дресот на Фенербахче ќе се обиде да ја врати препознатливата голгетерска форма.