Меси со емотивно писмо се збогува од неговиот татко: Не знам како ќе продолжам без тебе!

by riste
3 минути читање

Лионел Меси на социјалните мрежи објави писмо до неговиот починат татко покажувајќи големо емоции.

Писмото на Меси ви го пренесуваме во целост:

„Тато, сè уште не можам да поверувам дека си замина. Не можам да сфатам, или подобро кажано, не сакам да сфатам. Многу ми е тешко да си замислам дека повеќе нема да те видам, дека повеќе нема да разговараме. Знам дека се мачеше и дека ова е најдобро, но си замина премногу рано. Сè уште ни преостануваше многу за уживање заедно.

Толку многу ме молеше да го одиграм последното Светско првенство, а само неколку дена пред да започне ти стана најлошо. Беше првпат да не бидеш на некој турнир, но мама ми велеше дека ќе бидеш подобро и дека ќе бидеш добро за да можеш да патуваш. Јас ти велев дека ќе стигнеме до финалето за да можеш да допатуваш.

Секогаш кога ќе завршеше некој натпревар, ја чекав и ми недостигаше твојата порака. Тогаш сфатив дека ситуацијата е навистина лоша. И покрај сè, не престанував да размислувам за тоа да стигнеме што подалеку, за да ти дадам време и да успееш да видиш некој натпревар. Стигнавме до финалето, а ти не успеа да бидеш таму. Сакав да го освојам за да ти го донесам и да ти покажам уште еден трофеј. Не успеав, нозете повеќе не ме држеа. Овој пат се обидов да одам против сопственото тело, но не можев. Ниту во еден момент не се почувствував добро.

Кога стигнав, мислеше дека сме го изгубиле финалето на пенали. Не успеавме да разговараме за ништо од тоа што се случи. Не успеа во ништо да уживаш. Не станавме шампиони, но не знаеш колку уживавме во секој натпревар. Уште еднаш, беше во право: требаше да бидам таму и да играм.

Ти го кажувам ова затоа што тоа беше единственото нешто за кое не успеавме да разговараме, бидејќи сè друго веќе знаеш. Разговаравме секој ден и се гледавме кога и да можевме поради моите обврски.

Не знам што ќе правам без тебе, не знам како да продолжам. Јас само играв фудбал, а сега имам доста сомнежи дали ќе продолжам да го правам тоа уште долго време. Беше до мене од самиот почеток, а недостасуваше толку малку до крајот. Зошто не издржа уште тоа малку, па да завршевме заедно?

Знам дека твојата среќа беше да го видиш своето семејство добро, твојата сопруга, твоите деца и, пред сè, без да дознаат другите, да ме гледаш мене како играм…

Уште од мал секогаш беше така. Ме носеше на сите тренинзи штом ќе се вратеше од работа. На многу од нив ме носеше мама бидејќи ти работеше.
Секако, не пропушташе ниту еден натпревар. Колку само се мачеше додека ме гледаше и колку уживаше, иако никогаш не ми делеше премногу комплименти.

Беше татко, пријател и агент. Секогаш беше личноста што требаше да бидеш во секој момент и никогаш за ништо не погреши. Покрај некои прекори или расправии, секогаш беше во право. На крајот секогаш излегуваше така како што велеше ти.

Многу ќе ми недостигаш, но секогаш ќе бидеш присутен, а особено во воспитанието на моите деца, бидејќи ги учам и ги воспитувам онака како што вие ме воспитавте мене.

Почивај во мир и чувај нè од горе како што го правеше тоа овде. Ти благодарам за сè.

Те сакам, тато“, напиша Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×