Новинарот Рамон Алварез де Мон открива дека Родри имал три замерки за Реал Мадрид, недоразбирањата сепак биле надминати и постигнат договор, но на крајот фудбалерот се предомислил и решил да ја прифати понудата на Барселона.
До пред десетина дена се веруваше дека Родри ќе биде ново засилување на Реал Мадрид, но на големо изненадување, Шпанецот на крајот се реши за трансфер во лутиот ривал Барселона.
Новинарот Рамон Алварез де Мон сега открива детали од преговорите, вели дека Родри имал три замерки за „кралевите“.
Недоразбирањата сепак биле надминати, договор бил постигнал и трансферот практично бил комплетиран. Но и ова не било доволно за финализирање на зделката.
„По крајот на Светското првенство, играчот беше контактиран и беше одржан состанок помеѓу директорот Хозе Анхел Санчез и Родри. За време на средбата, Родри кажал дека сака да потпише за Реал, но имал три замерки“ – објаснува новинарот.
„Прво, му пречело тоа што Реал предолго чекал да го ангажира. Второ, во јавноста постојано се појавуваа информации дека Флорентино Перез не го сака неговиот трансфер. И трето, Родри слушнал дека во соблекувалната на Реал постојат одредени тензии“.
„Секако, му биле дадени потребните објаснувања. Родри ги поставил своите услови, Реал ги прифатил и трансферот практично бил договорен. Тој бил подготвен да потпише со Реал се додека Барселона не покажала посериозен интерес, по што донесе и конечна одлука“.
Барселона сега е во преговори со Манчестер Сити, но зделката воопшто не е лесна. „Граѓаните“ инсистираат на сума од 70 милиони евра, додека „каталонците“ сметаат дека тоа е премногу за фудбалер кој има 30 години и само уште 12 месеци од договорот.