Душан Влаховиќ конечно кажа ДА на еден клуб!

by bojan
1 минути читање

Душан Влаховиќ си најде нов клуб, голем број на извори пренесуваат дека Србинот постигнал вербален договор со Бешикташ за тригодишна соработка.

Душан Влаховиќ често беше дел од трансфер шпекулациите ова лето, неговиот договор со Јувентус заврши на 30. јуни, па тој бесплатно можеше да направи трансфер.

Но поради високите барања за плата и провизија, ниту еден гигант посериозно не загриза и Бешикташ беше единствениот клуб кој пројави конкретен интерес.

По долги преговори, Душан Влаховиќ конечно им кажал ДА на „бело-црните“ од Истанбул.

Голем број на извори вечерва објавија дека двете страни имаат вербален договор за тригодишна соработка.

Душан Влаховиќ ќе има плата од 8 милиони евра по сезона, плус додатни 2 милиони евра во бонуси.

На име на бонус за потпис, како и провизија за агентите, Бешикташ ќе издвои уште 10 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×