Роденденски успех на Серафимов, со Левски во плејофот од ЛШ! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Левски со 1-0 славеше на гостувањето кај Каират и со вкупни 2-0 се пласира во плејофот за пласман во Лигата на шампионите.

Бугарскиот тим со предност од 1-0 остварена во Софија го почна денешното гостување кај Каират.

Левски не само што ја задржа предноста, туку уште еднаш победи со 1-0. Стрелец на голот беше Реиналдо уште во 13. минута.

Македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов, го одигра целиот натпревар.

За него ова беше посебен ден, денеска наполни 27 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×