„Каталонците“ попладнево потврдија дека Руни Бардгџи заработил тешка повреда на коленото, настрадале предните вкрстени лигаменти и напаѓачот долго време ќе биде надвор од стројот.
Изминатиов викенд, Рони Бардгџи беше изоставен од тимот на Барселона за тест натпреварите против Удинезе и Нотингем Форест, се водат преговори за негов трансфер, па клубот од „Камп Ноу“ не сакаше ништо да ризикува.
Но малерот удри во понеделникот, Руни Бардгџи се повреди на тренинг и тоа настрадаа предните вкрстени лигаменти на десното колено.
Напаѓачот сега ќе мора на операција и долго време ќе биде надвор од терените, големи се шансите сезоната за него веќе да е завршена.
Ова е голем удар за Руни Барџи, чија кариера сигурно ќе биде забавена, а покрај физичкото опоравување, ќе мора да работи и на психолошки план, со оглед на тоа што ова е негова втора ваква повреда на само 20 години.