Сити смета дека понудата на Барса за Родри е смешна, продажба само под еден услов

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Скај Спортс, „граѓаните“ сметаат дека понудата на Барселона за Родри е смешно ниска и ќе го продадат Шпанецот само доколку на маса бидат ставени 70 милиони евра.

Родри минатата недела реши да го одбие Реал Мадрид и да се договори со лутиот ривал Барселона, но преговорите помеѓу „каталонците“ и Манчестер Сити не одат според планот.

Првата понуда на клубот од Камп Ноу вредна 45 милиони евра беше експресно одбиена.

Како што пренесува Скај Спортс, Манчестер Сити верува дека предлогот е смешно низок, па воопшто не ги смета преговорите со Барселона за започнати.

„Граѓаните“ бараат најмалку 70 милиони евра и немаат намера да го пуштат фудбалерот доколку не пристигне понуда која ќе ги задоволи нивните барања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×