22
Јан Диоманде наскоро ќе стане фудбалер на Реал Мадрид, сите пречки се отстранети, германскиот клуб му даде зелено светло да тргна кон шпанската метропола.
Трансферот е договорен веќе некое време, но Лајпциг чекаше да донесе негова замена, па тогаш да го пушти Диоманде на медицински прегледи во Мадрид и потпис на договорот.
Лајпциг синоќа го договори Аслани, а утринава му даде дозвола на Диоманди да замине за Мадрид.
Реал Мадрид за овој трансфер ќе плати 125 милиони евра, плус 15 милиони евра во бонуси, вкупно 140 милиони евра
Ова е рекорден трансфер на Реал Мадрид, претходно најмногу платија за Белингем 127 милиони евра.