Винисиус Жуниор се врати во Реал Мадрид по настапот на Светското првенство, напаѓачот се запозна со новите соиграчи тренерот Жозе Мурињо.
Винисиус Жуниор изминатиов период е главна тема во медиумите, преговорите за нов договор тапкаат во место, па со оглед на тоа дека е обврзан кон „кралевите“ до 2027 година, се погласно се зборува за можноста да биде продаден, Арсенал внимателно ја следи неговата ситуација.
И додека се чека решение за неговата иднина, Бразилецот се врати на тренинг по заслужениот одмор по Светското првенство и откри како поминал неговиот прв разговор со новиот тренер Жозе Мурињо.
„Мурињо ми кажа да бидам среќен, позитивен и да продолжам да играм фудбал на својот препознатлив начин“ – изјави Вини и ги наброја трите работи што ги побарал од него „специјалниот“.