Винисиус сака да ја искористи својата позиција и да извлече максимум од Реал Мадрид кој ги омекнува позициите во преговорите со Бразилецот.
Понудата која досега беше на маса беше со плата од 20 милиони евра годишно, што е за пет милиони евра поголема од сегашната.
Винисиус за оваа понуда не сакаше да преговара, бараше многу побогат договор.
Првичниот став на кралскиот клуб беше дека понудата е „земи или остави“, но тоа се промени. Последните информации велат дека Реал Мадрид сега му нуди 22 милиони евра.
Сепак, Винисиус бара 30 милиони евра. Тој верува дека на 26 години треба да го потпише најголемиот договор во неговата кариера.
Арсенал будно ја следи ситуацијата и е подготвен да му даде мега понуда на Бразилецот. Приоритет за Винисиус е останување во Реал Мадрид, но останува да се види дали двете страни ќе успеат да се договорат за продолжување на соработката.
Актуелниот договор на Винисиус со Реал Мадрид е до летото 2027 година. Па кралскиот клуб доколку не го продаде или не потпише нов договор, ризикува да го загуби како слободен играч идното лето.