40
Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов го одигра првиот официјален натпревар за неговиот нов клуб, Погодн Шчечин од Полска.
Погон со 2-0 славеше на гостувањето кај Краковија.
Чурлинов беше стартер на мечот и одигра 60 минути, по што беше изваден од игра. Во тој момент Погон водеше со 1-0.
Ова беше натпревар од второто коло во полското првенство и прва победа за Погон. Во првото коло загубија од Легија, Чурлинов не беше дел од тој меч.