Познат е терминот на мечот меѓу Вардар и Шкендија

by riste
0 минути читање

Ждрепката сакаше и оваа сезона дербито меѓу најголемите ривали за титулата, Вардар и Шкендија да се одигра рано, уште во второто коло.

Вардар и Шкендија оваа сезона ќе имаат дури четири меѓусебни средби во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а првиот меч е веќе во недела на 9 август со почеток од 17 часот на Градски во Скопје.

Во недела се игра и натпреварот меѓу Скопје и Струга Трим Лум.

Колото почнува в петок со мечот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс, а во сабота се играат дуелите Башкими – Тиквеш од 17 часот и Брегалница – Арсими од 19 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×