27
Винисиус Жуниор во текот на утрешниот ден треба да се појави на тренинг во Реал Мадрид, се верува дека за брзо време ќе бидат разрешени сите дилеми околу неговата иднина.
Бразилецот најпрво ќе се сретне со Жозе Мурињо, првиот состанок ќе го има со Португалецот, а потоа и со бордот на Реал Мадрид на разговор за неговата ситуација со актуелниот договор.
Преговорите меѓу Винисиус и Реал Мадрид се заглавени, па нејасно е дали тој ќе потпише нов договор, дали ќе биде продаден или ќе остане до следното лето и ќе замине како слободен играч.
Арсенал будно ја следи ситуацијата, тие со сите сили ќе се обидат да го добијат Винисиус, но се ќе зависи од желбата на Бразилецот.