Винисиус беше проблематичен за противниците, а сега стана таков за Реал Мадрид!

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид е одлучен да го реши случајот со Винисиус што побрзо, кралскиот клуб не сака ситуацијата со договорот на Бразилецот да трае бескрајно.

За таа цел Реал му даде ултиматум на Винисиус, да го потпише договорот кој му е понуден или да прифати да биде продаден.

Последните информации велат дека Винисиус не сака да ги намали своите високи барања и не планира да го потпише договорот кој му го нуди Реал Мадрид. Не е проблем само платата, туку и проценти од имиџ правата.

Доколку Винисиус не прифати ниту договор, а одбива да биде продаден, големи се шансите да го загуби стартното место во тимот, дури и да биде преселен на трибините.

Арсенал будно ја следи ситуацијата и сака да го купи Винисиус. Но, во овој момент не е јасен ставот на фудбалерот, се знае само дека не ја прифаќа понудата на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×