Интер и официјално го претстави Џон Стоунс како свое ново засилување. Англискиот репрезентативец го напушти Манчестер Сити и кариерата ќе ја продолжи во дресот на актуелниот шампион на Италија.
32-годишниот стопер зад себе остави девет успешни сезони на „Етихад“, каде освои бројни трофеи, меѓу кои Лигата на шампионите, шест титули во Премиер лигата, два ФА Купа, четири Лига купови, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
Интер со ангажманот на Стоунс добива искусен дефанзивец кој треба да донесе дополнителна стабилност во последната линија на тимот пред новата сезона.
Италијанскиот клуб не ги објави финансиските детали од трансферот, но потврди дека Англичанецот потпишал двегодишен договор. Стоунс е првото големо засилување на Интер во одбраната ова лето, а можно е да има и други аквизиции во овој дел од тимот.