Баерн не сака да ризикува, тргнува во преговори со првата ѕвезда!

by 24 фудбал
1 минути читање

Баерн Минхен во текот на август ќе започне преговори со Хари Кејн за продолжување на договорот, со цел англискиот напаѓач да остане лидер на баварскиот гигант и во наредните сезони.

И покрај шпекулациите за неговата иднина и интересот од неколку европски клубови, меѓу кои се споменуваше и Барселона, германскиот шампион нема намера да се раздели со својот најдобар стрелец.

Раководството на Баерн сака што побрзо да постигне договор со Кејн, кој има клучна улога во амбициите на клубот за освојување на трофеите. Засега не се познати ниту должината на евентуалниот нов договор, ниту финансиските услови што ќе му бидат понудени.

Конечната одлука ќе ја донесе самиот Кејн заедно со своето семејство, а повеќе детали се очекуваат по почетокот на разговорите во текот на август.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×