Челси е во најдобра позиција да го обезбеди потписот на искусниот англиски репрезентативец Џордан Хендерсон, пренесуваат британските медиуми. Лондонскиот клуб во моментов ја предводи трката пред уште два заинтересирани тима.
Според информациите, Хендерсон може да го напушти Брентфорд како слободен фудбалер, а самиот играч е заинтересиран да се пресели на „Стемфорд Бриџ“. Доколку трансферот се реализира, тоа би било уште едно изненадувачко засилување за „сините“ во летниот преоден рок.
Хендерсон има богата кариера зад себе. Најголем белег остави во Ливерпул, каде настапуваше од 2011 до 2023 година и како капитен го предводеше клубот до титулите во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига купот, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа. По заминувањето од „Енфилд“ играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија, а потоа и за Ајакс, пред да се пресели во Брентфорд.
Доколку се реализира договорот, Челси ќе добие искусен играч за врска со повеќе од 80 настапи за англиската репрезентација и огромно лидерско искуство, кое би можело да биде значајно за младиот тим на Енцо Мареска.