Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез е сè поблиску до заминување од Астон Вила, а според италијанските медиуми, најсериозен интерес за негов ангажман покажува Јувентус.
Светскиот шампион со Аргентина наводно сака нов предизвик, иако има договор со англискиот клуб до 2029 година. Во Торино веќе ја следат ситуацијата, но тренерот Лучано Спалети истакна дека засега нема да брзаат со одлука.
„Мартинез? Тој е голман кој сака да го промени клубот, а ние сакаме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот. Но, во овој момент веќе имаме двајца голмани“, изјави Спалети.
Јувентус, сепак, не се фокусира само на Мартинез. На листата на желби се и голманот на Парма, Зајон Сузуки, како и чуварот на мрежата на Тотенхем, Гуљелмо Викарио.