Италијанците го разочарале Манчини, не очекувал Пирло да биде избран пред него

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Роберто Манчини, е разочаран што не добил понуда повторно да седне на клупата на „аѕурите“.

Под водство на Манчини, Италија ја освои титулата на Европското првенство во 2020 година и оствари импресивна серија од 37 натпревари без пораз. Сепак, репрезентацијата подоцна не успеа да избори пласман на Светското првенство во 2022 година, а Манчини неочекувано ја напушти функцијата за да ја преземе селекцијата на Саудиска Арабија.

Минатата година тој се пресели во катарскиот клуб Ал Сад, каде што се задржа помалку од една година и во моментов е без ангажман.

Според италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, Манчини бил подготвен повторно да ја предводи италијанската репрезентација и чекал новото раководство на федерацијата да стапи во контакт со него.

Откако стана јасно дека селекторската функција речиси сигурно ќе му припадне на Андреа Пирло, Манчини бил бесен и се почувствувал измамен.

Пирло веќе ја прифатил понудата да ја предводи италијанската репрезентација, а се очекува договорот официјално да биде потпишан во наредните денови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×