Нејмар одговори на критиките поради учеството на покер турнир со два постигнати гола за Сантос, но неговиот тим сепак не успеа да стигне до победа.
Во ремито 2:2 против Шапекоенсе, последнопласираниот тим на табелата, бразилската ѕвезда по еден од головите со гестикулација како да дели карти испрати јасна порака до оние кои ја доведуваа во прашање неговата професионалност.
🚨🚨| Neymar responds to the criticism regarding his poker addiction after his goal against Chapecoense. 😮💨 pic.twitter.com/fMtmD3GSct
— CentreGoals. (@centregoals) July 25, 2026
Ќе потсетиме, додека Сантос во вторникот навечер го играше натпреварот од Копа Судамерикана, најголемата ѕвезда на тимот, Нејмар, не отпатува со екипата во Венецуела. Наместо на теренот, тој беше снимен на професионален покер турнир во Сао Паоло.
Нејмар го доведе Сантос во водство со прецизен удар по одлична двојна комбинација на работ од шеснаесетникот. Подоцна, од белата точка го постигна и голот за израмнување.
🚨🇧🇷 | GOOOOOOAAL Neymar
— AllThingsBrazil™ (@SelecaoTalk) July 25, 2026
His first game back for Santos after the World Cup and he scores a GOLAÇO pic.twitter.com/uDm6al17Bq
De pênalti, Neymar empatou para o Santos contra a Chapecoense aos 43 minutos do segundo tempo.#futebol #santos #chapecoense #neymar #brasileirão #ge pic.twitter.com/nDa2drD0Ag
— ge (@geglobo) July 25, 2026
И покрај неговите два гола Сантос повторно не остави убедлив впечаток. Тимот доминираше во првото полувреме и на почетокот од второто, но не успеа да ја потврди надмоќта со победа. Освоениот бод го спречи целосниот дебакл против последнопласираниот тим на табелата, но не ја менува значително тешката ситуација во која се наоѓа Сантос.
Дополнителен проблем за клубот е жолтиот картон што Нејмар го доби во финишот на натпреварот поради што тој ќе го пропушти следното коло и големото дерби против Сао Паоло.
Нејмар оваа сезона одигра девет натпревари во бразилската Серија А и на нив постигна шест голови и запиша две асистенции.