Фудбалер кој настапи на Светското првенство е позитвен на кокаин

by bojan
1 минути читање

Репрезентативецот на Австралија, Кристијан Волпато се најде во центарот на скандал откако бил позитивен на кокаин при полициска контрола во Нов Јужен Велс.

Кристијан Волпато е во фокусот на јавноста поради причини кои не се поврзани со фудбалот.

22 годишниот фудбалер на Сасуоло најпрво бил запрен поради пречекорување на брзината, откако со своето БМВ бил „уловен“ со 109 км/ч во зона со ограничување од 60 км/ч. Тогаш бил тестиран за алкохол и резултатот бил негативен, по што добил парична казна.

Меѓутоа, само два часа подоцна повторно бил запрен во истата област. Овојпат полицијата извршила тест за дрога, кој бил позитивен на кокаин. Земен е и втор примерок за лабораториска потврда, а резултатите се очекуваат во наредниот период.

Волпато, кој има италијански корени, избра да ја претставува Австралија и настапи на последното Светско првенство, каде неговата репрезентација беше елиминирана од Египет по изведување пенали во шеснаесетфиналето.

ФОТО: X/CommBank Socceroos

Можно е и ова да ти се допаѓа

×