Аргентинскиот тепач не знае за одмор: Неколку дена по финалето на Мундијалот беше херој на Бока (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Бока Јуниорс со минимални 1:0 го совладаа чилеански О’Хигинс во првиот натпревар од плејофот во Копа Судамерикана, а во центарот на вниманието беше аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес.

Додека голем дел од фудбалерите кои настапуваа за своите репрезентации на Светското првенство се уште се на заслужен одмор или ќе ги пропуштат подготовките со клубовите, Паредес без пауза им се приклучи на соиграчите. Само пет дена по финалниот натпревар на Мундијалот, тој беше во стартниот состав на Бока Јуниорс.

Аргентинецот на Светското првенство одигра седум натпревари за својата репрезентација, меѓу кои и 75 минути во големото финале. Против О’Хигинс не само што ги одигра сите 90 минути, туку во 44. минута со маестрално додавање со надворешниот дел од копачката ја пресече противничката одбрана и му асистираше на Мигел Мерентиел, кој го постигна единствениот погодок на натпреварот.

Leandro Paredes‘ great assist in the match against O’Higgins.
by u/Sparky-moon in soccer

Можно е и ова да ти се допаѓа

×