Ливерпул веќе работи на планот за живот по Мохамед Салах, а главна трансфер цел на англискиот шампион сега е крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола.
Според англиските медиуми, „црвените“ се подготвени да платат околу 100 милиони фунти за францускиот репрезентативец, кој го гледаат како идеален наследник на Салах поради неговата брзина, дриблинг и офанзивен потенцијал.
Баркола е една од најголемите желби на Ливерпул, иако претходно во игра беше и Јан Диоманде од РБ Лајпциг. Сепак, евентуалниот трансфер нема да биде лесен, бидејќи ПСЖ не сака да се раздели со својот фудбалер, а интерес за него има и од други европски великани.
Во Ливерпул веруваат дека Баркола може да стане нов лидер на тимот и се подготвени да инвестираат значителна сума за да го доведат на „Енфилд“.