Леао отворено за иднината: Разговара во Милан за ново искуство, но…

by 24 фудбал
1 минути читање

Рафаел Леао призна дека е можно летово да го напушти Милан, но истакна дека засега останува целосно посветен на клубот и ќе го даде максимумот додека е дел од „росонерите“.

Португалскиот репрезентативец откри дека веќе разговарал со раководството за можноста да започне ново поглавје во кариерата, но потенцира дека во овој момент нема ништо конкретно.

Веќе разговарав со клубот за можноста да пробам ново искуство, но не знам дали тоа ќе се случи. Треба да се појавам на подготовките на 29 јули и до самиот крај ќе го давам максимумот од почит кон тимот кој ми даде сè“, изјави Леао.

Тој не ја крие желбата еден ден да направи нов чекор во кариерата, но нагласува дека засега е фудбалер на Милан.

Верувам дека овој клуб ми помогна во секој аспект, но во животот може да имате амбиции и за други работи. Ќе ги разгледам опциите доколку пристигнат, но јас сè уште сум играч на Милан“, додаде португалскиот офанзивец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×