Иако неговата сопруга Вања Модриќ посакувала семејството повторно да се пресели во Мадрид, Лука Модриќ донесе поинаква одлука и останува во Милан најмалку уште една сезона.
Хрватскиот ветеран стави потпис на нов договор со „росонерите“, со што јасно покажа дека приоритет во овој момент му е играчката кариера, а не враќањето во шпанската престолнина. Според информациите, Вања Модриќ сакала семејството повторно да живее во Мадрид, каде што помина повеќе од една деценија додека Лука настапуваше за Реал Мадрид.
Сепак, хрватскиот ас решил да остане во Милано и да продолжи да игра на највисоко ниво. И покрај тоа, враќањето во Мадрид не е исклучено во иднина. Шпанските медиуми пишуваат дека по завршувањето на играчката кариера Модриќ би можел повторно да биде дел од Реал Мадрид, но овојпат во некоја клупска функција. Модриќ остави неизбришлива трага во Реал Мадрид, каде што во 13 години стана најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот, па не е изненадување што неговото семејство и понатаму е силно поврзано со шпанската престолнина.