Андерсон го комплетираше трансферот од 116 милиони во Сити и веднаш испрати провокација до Јунајтед

by bojan
1 минути читање

Сити попладнево го потврди ангажманот на Елиот Андерсон од Нотингем Форест, а фудбалерот од средниот ред веднаш испрати провокација до Јунајтед и порача дека „граѓаните“ владеат во Манчестер.

Елиот Андерсон е еден од најголемите трансфери ова лето, Манчестер Сити плати 116 милиони фунти за неговите услуги.

Англичанецот попладнево беше потврден како нов фудбалер на „граѓаните“ а тој ја искористи оваа прилика за веднаш да испрати провокација до лутиот градски ривал, Јунајтед.

„Откако јас знам, Сити владее во Манчестер!“ – рече 23 годишниот фудбалер од средниот ред.

„Имаат фантастичен тим, квалитет на секоја позиција и шампионски менталитет. Штом дознав дека ме сакаат, на ум имав само трансфер на „Етихад“. Ова е клуб кој доминира повеќе од една деценија и постојано освојува трофеи. Токму тоа ми привлече, сакам да бидам дел од шампионски тим“.

„Секој фудбалер сака да игра на највисоко ниво, и Манчестер Сити ми ја нуди таа можност. Се што постигнаа во последните 10-15 години е навистина импресивно“.

Интересно, Манчестер Јунајтед исто така во својот бележник го имаше Елиот Андерсон ова лето, но реши да се повлече кога стана јасно каква сума ќе биде потребна за ангажман на Англичанецот.

Во еден момент се шпекулираше дека Нотингем Форест сака Елиот Андерсон да биде најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата, односно сума поголема од 125 милиони фунти, колку што плати Ливерпул за Александер Исак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×