Астон Вила попладнево го комплетираше трансферот на Алехандро Гарначо, кој пристигнува на позајмица од Челси со обврска да биде во целост купен доколку се исполнат одредени услови.
Само неколку дена по рекордниот трансфер на Морган Роџерс од Астон Вила во Челси за 117 милиони фунти, двата клуба сега реализираа нова зделка.
Астон Вила попладнево го комплетираше трансферот на Алехандро Гарначо, кој пристигнува на позајмица, со обврска да биде во целост купен доколку се исполнат одредени услови.
Зделката ќе биде ставена под лупа на УЕФА и останува да се види дали Астон Вила и Челси ќе успеат да ги изиграат правилата.
Имено, доколку Астон Вила веднаш го купи Алехандро Гарначо од Челси, трансферот може да биде третиран како дел од „размена на играчи“ па профитот од продажбата на Морган Роџерс ќе биде значително понизок.
Па затоа зделката се води како позајмица, која под одредени услови може да стане перманентен трансфер.
Сега европската куќа на фудбалот ќе одредува дали условот е „речиси сигурен“ и може да одлучи овој трансфер да го смета како перманентен, а со тоа да им ги помати сметките на Астон Вила и Челси.
Во моментов не е познато кој е условот што треба да се исполни за Алехандро Гарначо во целост да биде купен, но се шпекулира дека Челси е прилично убеден дека тие ќе си добијат 43 милиони фунти од продажба на Аргентинецот.
ФОТО: X/Aston Villa